Мората: Не се чуствувам како нов во Атлетико

67
ФОТО: Инстаграм

Напаѓачот Алваро Мората беше претставен пред медиумите и пошироката јавност на „Ванда Метрополитано“.

Вчера Мората официјално премина од Челзи во Мадрид на изнајмување за година и половина. Новиот напаѓач на „јорганџиите“ изрази задоволство што е во тимот, каде го помина неговото детство.

– Горд сум што сум тука. Последните месеци беа тешки за мене и ми се случија многу работи. Но се појави оваа можност. Сè заврши многу добро. Немам трпение да работам со новите колеги. Имам голема желба да тренирам и да играм, изјави Мората пред насобраните новинари.

Тој сподели и дека воопшто не се чуствува како нов, со оглед дека комуницирал со колегите од клубот во последниве неколку недели.

– Најважно е што сум тука. Вчера пристигнав и потпишав, но се чувствувам како дел од овој клуб со недели. Тоа е најважно, не се чувствувам како нов. Колегите веќе ми пишаа, за да ме направат побрзо дел од колективот. Имав контакт со нив уште пред две недели, кога ништо уште не беше јасно, додаде Мората.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...