Претседателот на Боливија, Ево Моралес синоќа го одби барањето на опозицијата да поднесе оставка, истакнувајќи дека треба да се почека меѓународната проценка за неодамнешните избори, а опозицијата не ги признава резултатите.
Моралес за Боливиското државн радио изјави дека неговите политички противници сакаат да извршат воен удар.
Тој додаде дека е жртва на расизам, бидејќи е првиот боливиски претседател со домородно потекло.
Моралес победи на претседателските избори на 20 октомври, но опозицијата обвинува дека изборите се лажирани.
Опозиционерите истакнаа дека не веруваат во проценката на Организацијата на американските држави, за која изборите биле регуларни.
Моралес е претседател на Боливија 14 години.
ФОТО: EPA / Martin Alipaz