МОН во битка со Општина Гостивар за кадровски решенија

225

Министерството за образование и наука (МОН) уште еднаш апелира до Општина Гостивар, градоначалникот на оваа општина и до нејзиното раководство да не обвинуваат паушално и лажно само заради нивните политички цели и да не ја вклучуваат политиката во воспитно-образовниот процес, бидејќи во оваа ситуација штета се нанесува единствено на учениците и на воспитно-образовниот процес.

Ова се вели во реакцијата на МОН по денешниот прес на Општина Гостивар.

„По спроведени инспекциски надзори од страна на Државниот просветен инспекторат констатирани се низа нерегуларности и непочитувања на законите од страна на градоначалникот на општина Гостивар и на локалната самоуправа, во постапките за разрешување и именување на директори на училишта. Станува збор за нерегуларна постапка која тој ја повторил два пати што всушност е и основ за одземените ингеренции на општината во областа на образованието и задолжување за градоначалникот за враќање на состојбите во првобитниот статус.

Затоа, Министерството за образование и наука согласно преземените ингеренции од општина Гостивар и почитувајќи и постапувајќи по одлуките на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен, со кои се усвојуваат жалбите на незаконски разрешените директори на училиштата во Гостивар, донесе решенија за нивно враќање на работните позиции од кои биле незаконски разрешени“, се наведува во реакцијата на МОН.

Министерството за образование и наука е должно да ги почитува одлуките на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен и да постапува по однос на истите, што значи дека донесените решенија се всушност постапување согласно одлуки на Второстепена комисија.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...