Мончи: Да имаше ВАР, финалето ќе беше Рома – Баерн

Спортскиот директор на Рома, Рамон Родригез - Мончи смета дека ако во Лигата на шампионите се користел системот ВАР за помош на судијата, тогаш финалето во Киев можеше да ги спротивстави Рома и Баерн, а не Реал Мадрид и Ливерпул.

206

Спортскиот директор на Рома, Рамон Родригез – Мончи смета дека ако во Лигата на шампионите се користел системот ВАР за помош на судијата, тогаш финалето во Киев можеше да ги спротивстави Рома и Баерн, а не Реал Мадрид и Ливерпул.

– Не разбирам зошто тоа не важи за најважниот турнир во Европа. Се разбира, грешки ќе има и понатаму, но значително ќе се намалат. Ова нанесува удар не само на нашите финансии, туку и на подготвеноста за работа – изјави Мончи по мечот.

Тој продолжи со својот коментар за судењето и смета дека поради грешките настрадал италијанскиот фудбал, откако и Јувентус ја имаше истата судбина во четвртфиналето.

– Момчињата се бесни во соблекувалната, во второто полувреме го дадоа максимумот. Во првиот натпревар ни дадоа гол од офсајд, денес не добивме два пенали и имаше црвен картот. Време е да се подигне нашиот глас, време е италијанскиот фудбал да удри по масата. Не бевме само ние оштетени, и Јувентус ја доживеа истата судбина во натпреварот против Реал Мадрид – рече спортскиот директор на Рома.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...