Монти Пајтон прославија 50 години јубилеј

Шоуто не наликуваше на ништо што до тогаш беше видено и беше револуција во поп културата.

107

Пред точно 50 години, на 5 октомври 1969 година, Би-Би-Си ја емитуваше првата епизода од шоуто „Летечкиот циркус на Монти Пајтон“ кој го смени текот на британската и светската комедија.

Шоуто не наликуваше на ништо што до тогаш беше видено и беше револуција во поп културата.

Познатата хумористична серија, базирана на апсурд, цинизам и исмејување на секаков вид авторитет, беше снимена во 45 епизоди што се емитуваа во неколку циклуси од октомври 1969 до декември 1974 година.

Комбинацијата на тешко објасниви и среќни околности доведе до тоа првиот канал на британската национална телевизија да им отстапи простор на млади луѓе кои штотуку ги завршиле студиите на Оксбриџ – Мајк Пејлин и Тери Џонс учеле на Оксфорд, додека Џон Клиз, Ерик Ајдл и Греам Чепмен завршиле на Кембриџ.

Рамноправен член на креативниот тим и единствен Американец во составот беше режисерот Тери Гилијам.

Името на серијата „Летечкиот циркус на Монти Пајтон“ настанало делумно и поради угледот кој чудното друштво го имало во Би-Би-Си.

Мајкл Милс, еден од шефовите во забавната програма, инсистирал зборот „циркус“ да биде вклучен во името на серијата, затоа што за групата момчиња во Би-Би-Си велеле дека „се шетаат низ зградата како циркус“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...