
За да се ублажи проблемот со паркирањето на скопските клиники, надлежните најавуваат монтажна катна гаража.
– Се проби една улица за да го растовари хаосот со паркирањето во кругот на Клиничкиот центар, а се размислува за поставување монтажна катна гаража. Сегашниот влез во комплексот клиники ќе се користи само за возилата на Итна помош. Проблем е што во кругот на центарот може да се работи само за време на викендите – рече денеска министерот за здравство, Венко Филипче.