Жена родена во 1985 година брутално убила 67-годишен маж во село во Србија, пренесува „Курир.рс“.
– Докторите кажуваат дека такви повреди не виделе никогаш во животот. Човекот имал модрици по целото тело, а имал и опекотини од гасење на цигари – рекол извор за медиумот.
Наводно, човекот пред да биде убиен бил врзан и мачен. Смртта настапила откако несреќникот бил удрен со дрвен предмет во градите.
Осомничената, според соседите, била позната по проблематичното однесување.