Монструмот од Нови Сад во бегство 24 часа, целиот град блокиран

3048
ФОТО: Слаѓана Стојановиќ / Фејсбук

Потрагата за 37-годишниот Горан Јаковиќ од Нови Сад, кој вчера изутрина ги уби својата 31-годишна сопруга и нејзините родители, сѐ уште трае.

Полицијата интензивно го бара монструмот кој пред очите на малолетните деца зеде три животи поради сомнеж дека неговата сопруга го изневерува.

Целиот Нови Сад е под блокада, сите излези се затворени и под контрола, а го нагледуваат и хеликоптери. Но, од Јанковиќ ни глас.

Откако Јанковиќ побегнал од куќата по убиствата, 10-годишниот син му се јавил на вујко му и кажал дека неговиот татко ги убил неговите блиски.

Убиената сопруга пред само две недели го пријавила Горан за насилство во семејството, а имал и пријава поради нелегално оружје.

ФОТО: Слаѓана Стојановиќ / Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...