Триесет и осумгодишен насилник од Хрватска бил уапсен откако се обидел да ги убие сопругата и децата.
– Ќе ве кренам во воздух и тебе и куќата! – урлал тој преку телефон.
Монструмот потоа си дошол дома и излил бензин по ходникот, а потоа и на сопругата и двете малолетни деца. Сакал да ги запали, но за среќа не работела запалката.
Ова не бил првпат тој да ја навредува и да ја брка сопругата.
Шест дена подоцна, друг насилник се обидел да ја запали поранешната сопруга во Славонија. Четириесет и седумгодишникот веќе бил осудуван на затворска казна поради тоа што често ѝ се заканувал и ја напаѓал физички 41-годишната поранешна сопруга.
Откако излегол од затвор, во еден часот по полноќ отишол до нејзиниот изнајмен стан во Долен Михољац, иако му била изречена мерка за забрана за доближување. Со бензин и запаллива боја ја запалил вратата, а потоа го запалил и „голфот“ кој бил паркиран надвор.
Соседите реагирале и го спречиле да ја убие несреќната жена.