Монструозни коментари на Фејсбук за бременоста на Гордана Јанкулоска

17111

Злобни и згрозувачки коментари ги преплавија социјалните мрежи, откако во судското рочиште за набавката на луксузниот мерцедес од 600 илјади евра во случајот „Тенк“ се дозна дека обвинетата екс министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска е во ризична бременост.

Оваа информација на судот му ја пренесоа адвокатите кои го образложија нејзиното отсуство на судењето со документација за отворено лекарско боледување од приватна болница, поради ризична бременост на Јанкулоска.

Плусинфо, нема да ги пренесува коментарите со згрозувачка содржина.

На Фејсбук се појавија и постови кои ги осудуваат монструозните коментари против поранешната министерка Гордана Јанкулоска. 

Јорданка Ивановска Јоци се огласи во колумна во која, меѓудругото, пишува:

„Гордана Јанкуловска, екс министерката за внатрешни работи, чиј звук од штикли некогаш звучеше така страшно на лентите додека чекореше низ кабинет и зборуваше тивко на телефон, има право на правично судење, на невиност додека не биде прогласена за виновна, има право на бебе, на живот, на покајание. Има право да стане мајка. Идентично како што Марија Магдалена се покаја за своите гревови и реши да го следи Исус, својот спасител. Одвратни беа денеска сите оние кои и` посакаа се` најлошо на веста дека е во ризична бременост. А, што сакаат тие луѓе ? Да ја обесиме на плоштад ? Тоа е праведно ? Да се вратиме во камено доба ? За тоа беше борбата, за одмазда ?“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...