Oтштета тешка 2,55 милијарди долари ќе исплати американската хемиско-фармацевтска компанија и произведувач на хербициди „Монсанто“, откако било докажано дека брачна двојка заболела од рак поради консумирање нивни производи.
Судот во Оукленд, Калифорнија, во судскиот процес ja прогласи за виновна оваа компанија бидејќи нивниот производ „Раундап„ предизвикал карцином кај брачната двојка Алва и Алберт Пилиод.
Во судскиот процес било докажано дека компанијата не ги информирала потрошувачите дека во производот постојат супстанции што се опасни за здравјето на луѓето.
Тужбата ја поднесе брачна двојка пензионери, која тврди дека заболела од рак поради средството за уништување плевел Раундап на фирмата ќерка на Бајер – Монсанто. Адвокатите на брачната двојка бараа отштета од над една милијарда американски долари. Тие оценија дека станува збор за „историска“ казна. Компанијата соопшти дека е разочарана од одлуката на судот и најави дека ќе поднесе жалба.