„Жив нема да ме фатат“ рекол Нинослав Јовановиќ на неговата жртва Моника Кривановиќ (12) пред да ја пушти, им кажало девојчето на полицајците по ослободувањето, јавуваат српските медиуми.
Според неа, „берберот од Малча“ е вооружен со голем нож.
Последните информации велат дека Јовановиќ е опколен во куќа во селото, но се уште полицијата не го уапсила.
Моника била пронајдена во викендичка во село Пасјача, облечена и според првите информации, во добра здравствена состојба. Сепак, таа е префрлена на детални прегледи во Клиничката болница во Ниш.