Активистката Моника Ристеска ноќта ќе ја помине во полициската станица во Автокоманда, по барање на јавен обвинител од скопското обвинителство, oбјави Здружението за канабис и зелени политики „Билка“.
Ова следува откако претходно полиција од Оделот за недозволена трговија и шверц на дрога изврши претрес во нејзиниот дом.
Моника Ристеска (Конопова, како што се нарекува самата) е еден од најактивните активисти за легализација на канабисот и негова широка употреба во медицината.