Аферата на поранешниот американски претседател Бил Клинтон и приправничката Моника Левински, како и постапката за импичментот од 1999 година ќе биде екранизирана во рамките на телевизиската серија „Американска криминална приказна“.
Серијата ќе биде емитувана пред претседателските избори наредната година, а меѓу продуцентите е и Моника Левински, која како приправничка во Белата куќа имаше афера со Клинтон.
Третата сезона од „Американска криминална приказна“ е официјално најавена. Проектот обработува некои од најпознатите криминални случаи и скандали во поновата американска историја, а овојпат во фокусот е аферата на Бил Клинтон со Моника Левински.
Во улогата на Моника Левински ќе ја видиме Бини Фелдстин, позната по улогите во филмовите „Booksmart“ и „The Female Brain”, додека Сара Полсон ќе ја игра Линда Трип, која тајно ги снимаше приватните телефонски разговори во кои Левински зборувала за аферата со претседателот.
Сè уште не е познато кои актери ќе ја играат улогата на претседателската двојка во серијата.
Проектот е во претпродукција, па засега не се знае кој ќе го глуми тогашниот претседател на САД, Бил Клинтон.
Приказната се заснова на книгата „A Vast Conspiracy: The Real Story of the Sex Scandal That Nearly Brought Down a President” од Џефри Тубин од 2000 година.
Моника Левински во интервјуто за „Венити фер“ рекла дека е мошне исплашена поради учеството во продукцијата на серијата.
ФОТО: Јутјуб