Моника Белучи 17 години по сцената со бруталното силување: Денес ќерките би ми биле поважни

Италијанската дива вели дека со ќерките зборува за сè, но поради нив денес би размислила дали повторно би ја шокирала јавноста со еротските сцени од филмот „Неповратно“.

1939

Италијанската дива вели дека со нејзините ќерки разговара за сè, но поради нив денес би размислила дали повторно би ја шокирала јавноста со еротски сцени.

Моника Белучи (54) на филмскиот фестивал во Венеција зборувала отворено за односот што го има со нејзините ќерки, Дев (14) и Леона (8) кои ги добила во бракот со актерот и режисер Винсент Касел (52).

– Имам две ќерки и во однос на времето пред 17 години, гледам промена во начинот на мојата комуникација на тема на мажите, љубовта, сексот… Мислам дека не можеме да зборуваме за војната со мажите туку за пронаоѓање на сè што може да влијае на развојот во односите помеѓу мажот и жената. Луѓето се менуваат, а времето исто така. Како и секоја мајка сакам за ќерките да обезбедам подобар свет во кој нема да има страв од разговори – изјавила Моника.

Италијанската дива вели дека со ќерките зборува за сè, но поради нив денес би размислила дали повторно би ја шокирала јавноста со еротските сцени од филмот „Неповратно“.

„Поважно од филмот ми е како ќерките ќе реагираат и што поради тоа ќе им зборуваат на училиште. Денес навистина двапати би размислила дали треба да прифатам некоја таква моќна улога“, додала Моника.

FOTO: Jutjub/Skrinsot

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...