Моника Белучи прошета со своето момче и целосно е невидлива покрај него

Николас е француски скулптор и некогашен модел. Има деветгодишна ќерка Анахи, но за неговиот живот се знае многу малку.

2281

Николас Лефебре е првиот маж со кој Моника Белучи се појавила во јавноста откако во 2013 година се развела од актерот Венсан Касел. Во март нејзините обожаватели коментирале дека би можела да избере некој кој повеќе одговара на нејзиниот шарм.

Меѓутоа, овие денови парот бил фотографиран додека шетале во Париз, но целото внимание било насочено кон него.

Николас е француски скулптор и некогашен модел. Има деветгодишна ќерка Анахи, но за неговиот живот се знае многу малку.

– Мојот однос со ќерка ми е многу силен. Секогаш ја носам со себе на изложби и саеми па дури и во потрага по антиквитети. Таа сака да доаѓа во мојата работилница каде што слободно и лесно се изразува. Сака да ја декорира нашата куќа и секогаш ми помага во тоа, а јас секогаш го слушам нејзиното мислење – изјавил тој во некое интервју.

Тоа што е познато е дека тој уште од детството патувал многу и ги обиколил сите континенти. Татко му бил уметник и ментор и отсекогаш го подучувал за филозофијата, но и за тоа како да биде слободен и независен.

Лежерниот моден стил на Николас, соврешено е склопен со боите, долгата коса и ставот па не е ни чудно што тој и Моника се прогласени за најубавио познат пар во Европа.

– Љубовта и сексуалноста зависат од енергијата, а не од годините – рекла Моника која од своето момче е постара 18 години.

ФОТО: Принтскрин/Твитер

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...