Монако и со Анри е најлошиот тим во петте најсилни првенства во Европа

82

Поранешниот шампион на Франција, тимот на Монако, ја игра една од налошите сезони во Лига 1. Раководството се обиде сезоната да ја спаси со поставување на Тјери Анри на тренерската позиција, ни и со неговото доаѓање ништо не се подобри, напротив резултатите се уште полоши.

Монако во 19. коло од фудбалскиот шампионатот на Франција викендот загуби од Генгамп со 0:2 што е деветти пораз во сите натпреварувања од доаѓањето на Анри.

Од 13 октомври, Монако е најлошиот тим од сите екипи во петте најсилни првенства во Европа (Франција, Италија, Англија, Шпанија и Германија).

Во Лига 1 Монако е на претпоследното (19) место со биланс три победи, четири нерешени и дури 11 загубени натпревари.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...