Списанието „Космополитен“ пренесува анкета што опфатла 1.000 мажи и која дава одговор на прашањето – зошто им треба подолго време за да ја запросат девојката?
Главната причина за тоа е финансиската состојба. Околу 27 отсто од момчињата ги наведуваат ниските приходи како основен проблем, а исто толку кажале дека се веќе во долгови. Натаму, 17 отсто тврдат дека венчавките се прескапи, а пак, други 17 проценти сметаат дека пречката е долгот на партнерката.
Како втора препрека, дури 50 отсто од испитаниците признале дека им е тешко избирањето прстен, што за нив било огромен притисок.
Потоа следат „превисоките очекувања на девојката“, „должината на врската“, „начинот на живот“, како и себеиспитувањето дали таа навистина му одговара в кревет.