Момче ја застрелало девојката со куршум во стомак

1601

На хируршкото одделение во Клиничкиот центар во Штип синоќа е донесена млада девојка од Пехчево со прострелната рана од огнено оружје. Лекарите се бореле неколку часа за да го запрат крварењето.

Според информациите од хируршкото одделение во Штип состојбата на младата пехчевка не е животно загрозувачка.

МВР информира дека од Здравствениот дом Пехчево вчера во 18.45 часот  било пријавено дека кај нив била донесена С.Н.(20) од Пехчево со прострелна рана од пиштол во стомакот, нанесена од И.Н. (23) од Пехчево во домот на И.Н.во Пехчево, каде живееле заедно.

С.Н. била препратена во Медицинскиот центар Штип, а И.Н. е приведен во полициска станица. Известен е јавен обвинител и против И.Н. ќе биде поднесена кривична пријава.

 

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...