Момче пронајдено како лута во Кентаки изјавило дека има 14 години и дека е Тимоти Питзен, кого полицијата го бараше осум години. Според неговите зборови, го грабнале двајца мажи, кои му личеле на билдери и кои возат „форд сув“.
Полицијата побарала ДНК тест за да се докаже дека тоа е Питзен, детето кое исчезна во 2011 година, пред самоубиството на неговата мајка.
Резултатите покажале оти момчето всушност на 7 март било пуштено од затвор, каде завршило поради грабеж и вандализам. Станувало збор за 23-годишниот Брајан Мајкл Рини.
ФОТО: Твитер