Момче се повреди по удар со мопед во бетонски ѕид

Полицијата соопшти дека несреќата се случила во Струмица на улицата Цветан Димов, а тринаесетгодишникот кој возел нерегистриран мопед изгубил контрола над мопедот и удрил во бетонски ѕид од куќа.

81

Момче од Струмица синоќа се повреди откако со мопед удри во бетонски ѕид од куќа.

Полицијата соопшти дека несреќата се случила во Струмица на улицата Цветан Димов, а тринаесетгодишникот кој возел нерегистриран мопед изгубил контрола над мопедот и удрил во бетонски ѕид од куќа.

Во незгодата момчето кое е од село Сарај струмичко тешко е повредено и пренесено во Скопје во Комплекс клиники „Мајка Тереза”.

Полицијата извршила увид на местото на настанот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...