Момче се бори за живот поради компликации од морбили

Од понеделниик почнува и теренската вакцинација низ училиштата, каде со вакцината против МРП ќе бидат боцнати сите невакцинирани ученици. Но за тоа мобилните здравствени тимови ќе мора да добијат согласност од родителите.

680

Момче со церебрална парализа се бори за живот на Инфективна клиника поради сериозните компликации од морбили. Во тешка состојба и на механичка вентилација е и 11 месечно бебе со мали сипаници хоспитализирано на Клиниката за детски болести.

До сега со мали сипаници заразени се над 1.000 лице, што е најмногу во последните 20 години.

Од понеделниик почнува и теренската вакцинација низ училиштата, каде со вакцината против МРП ќе бидат боцнати сите невакцинирани ученици. Но за тоа мобилните здравствени тимови ќе мора да добијат согласност од родителите.

Податоците на здравствените власти се дека во земјава не се вакцинирани 22.612 деца до 14 години. Повеќето невакцинирани близу 19.000 се во внатрешноста, а околу 4.400 се од Скопје. Само годинава од морбили се вакцинирани над 20.000 деца.

Здравствените власти по прогласување на епидемија во земјава, наложија  да се имунизираат цработените во болниците и клиники, но и негувателиките и воспитувачките во градинките.

 

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...