Момче се бори за живот откако го нападнале тројца насилници

2834

Дваесет и едногодишно момче се бори за живот откако вчера попладне во 17.20 часот во скопската населба Автокоманда било претепано од три непознати лица.

Момчето во неконтактибилна состојба било пренесено во скопскиот Клинички центар.

Според МВР, насилниците излегле од автомобил „мерцедес “и го нападнале момчето кое се движело по булеварот Александар Македонски во близина на автобуската постојка.

Засега не е познат мотивот на напаѓачите.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...