На скопската улица Ордан Чопела попладнево во 15.45 часот во вооружена престрелка било рането 27-годишно момче.
Неофицијално, јавува телевизија, ранетиот бил пренесен во Клиниката за хирушки болести „Св. Наум Охридски“ со црн автомобил марка „голф“ и откако возачот го оставил во болницата, заминал со возилото. Момчето имало прострелна рана во пределот на стомакот.
Од министерството за внатрешни работи информираат дека се излезени на терен и работат на расчистување на случајот, а деталите од престрелката се уште не се познати.