Осумнаесетгодишникот Ш. М. од скопското село Чајлане вчера со убодна рана од остар предмет бил примен во Градската општа болница „8 Септември“ – Скопје.
Како што се наведува во МВР-билтенот, случајот вчера во СВР Скопје бил пријавен од Градската општа болница „8 Септември“.
Според пријавеното, околу 15 часот во село Бојане, на автобуска постојка во автобус влегол Ј.Н. од село Бојане и со остар предмет му нанел убодна рана на Ш.М. во пределот на левата надколеница.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.