Дваесет и двегодишно момче е тешко повредено откако три лица го пресретнале на улицата „Брсјачка Буна“ во Скопје, а едно од нив со метална шипка го удирало по задната страна на главата. Нарушени меѓусоседски односи се причина за нападот, соопшти МВР.
Настанот се случил вчера околу пладне додека Ф.А. (22) од Скопје, кој се движел пеш, бил пресретнат од Ј.Б.(20), Е.Ј.(23) и А.А.. Притоа, Ј.Б. физички го нападнал Ф.А., удирајќи го со метална шипка во пределот на задната страна на главата.
Ф.А. со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Градската општа болница „8 Септември“ каде му биле констатирани тешки телесни повреди и е префрлен во Комплекс клиники „Мајка Тереза”. Б.Ј. е приведен во Полициска станица и се работи на расчистување на случајот.