Момче почина откако со автомобилот удрил во бетонски столб

175

Дваесетгодишник на регионалениот пат Куманово – Липково, во село Опае, управувајќи патничко возило „форд-фокус“ со кумановски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото, излетал од патот и удрил во бетонски столб.

Притоа, со повреди се здобиле возачот М.А. и сопатникот А.Е., кои биле пренесени во Општа болница Куманово. По укажаната помош, поради сериозноста на повредите, двајцата биле пренесени во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

На полноќвозачот М.А. починал, а по наредба на Јавен обвинител телото било дадено на обдукција. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...