Шестнаесетгодишно момче од гостиварското село Сенокос вчера е тешко повредено по пад од трактор со приколка во селото Добри Дол, што ја управувал А.Ч. (25) од село Топлица.
Полицијата соопшти дека момчето со возило на Итната медицинска помош било пренесено во Општата болница во Гостивар од каде што поради карактерот на повредите било транспортирано во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Гостивар