Скопското обвинителство поднесе кривична пријава против 20 годишно момче од Љуботен поради сомнение дека избегнал да плати акциза во висина од 162.000 денари.
„Осомничениот 20-годишен жител на Љуботен, со намера да избегне целосно плаќање на акцизата на која е обврзан со Законот за акцизи, на 01 јули 2019 година од непознато лице набавил акцизни тутунски добра без контролни маркици. Со намера да го продава тутунот на зелениот пазар Бит Пазар, го натоварил во патничко моторно возило Фолксваген голф. При обидот да го превезе тутунот, осомничениот бил сопрен од страна на полициски службеници. При контрола на возилото биле пронајдени 100 кутии од по 600 грама тутун со натпис на кутиите “GREECE SUPER KAMELIA VIRGINIA” и 100 кутии од по 600 грама тутун со натпис на кутиите “GREECE TOBACCO VIRGINIA” или вкупно 120 килограми фино сецкан тутун“, соопштија од обвинителството.
Оттаму побарале судија да му определи забрана за напуштање на живеалиштетот, одземање на пасош и обврска да се јавува во судот.