Момче од Холандија украло и продавало 12 милијарди лозинки

450

Холандската полиција уапсила 22-годишно момче осомничено за кражба и продавање на 12 милијарди лозинки и пристапни кодови.

Податоците можеле да се симнат со плаќање, објави холандаската полиција.

Не се прецизира за кој вид податоци станува збор ниту кој сѐ е засегнат, наведувајќи дека истрагата е во тек. Холандските истражители соработувале со германските, американските и британските власти.

Следејќи ги трагите на британските колеги, холандските експери за кибернетика успеале осомничениот да го откријат на истокот од земјата.

Власта ја конфискувала професионалната опрема пронајдена  при претрес на два стана. Со помош на опремата податоците биле достапни на интернет страницата WeLeakinfo. Таа страница во меѓувреме ФБИ ја згасна.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...