Момче од Кавадарци паднало и починало во својот дом

1986

Дваесет и двегодишно момче од Кавадарци вчера починало, откако паднало во неговиот дом. Неговата мајка повикала Брза помош, и од страна на лекар била констатирана смрт.

Вчера во 14 часот во СВР Велес, 46-годишната С.Ѓ. од Кавадарци пријавила дека во семејната куќа на улица Страшо Пинџур во Кавадарци, нејзиниот син 22-годишниот Н.Ѓ. од Кавадраци паднал, по што била повикана Итна медицинска помош од Општата болница Кавадарци и од страна на лекар е констатирана смрт, без траги на насилство, информира МВР.

Увид на местото на настанот извршиле увидна екипа од полициската станица Кавадарци и јавен обвинител, по чија наредба телото е предадено на обдукција.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...