Еј-Би-Си ги објави биографиите на натпреварувачите на „The Bachelorette“, кои ќе се борат за да го освојат срцето на Хана Браун.
Од обожаватели на Бибер и Крис Џенер, до самопрогласени „кралеви на танцот“, сепак она што најмногу им западна во очи на фанови на шоуто, е момчето со 114 деца.
Дваесет и петгодишниот Матео е донатор на сперма кој помогнал да се направат 114 деца. Некој рекол дека Матео овој факт го користи за да го „скрши мразот“.
– Здраво, јас сум Матео, никогаш нема да погодиш колку деца имам!
Петнаесетта сезона на шоуто ќе започне на 13 мај.
Сите биографии на учесниците можете да ги погледнете овде.
ФОТО: Е! News