Момче за 1.600 евра си ја продало малолетната роднина да биде невеста

361

Обвинителството за гонење организиран криминал поднесе обвиниение за македонски државјанин за трговија со дете зошто си купувал невеста.

„Обвинетиот, македонски државјанин, во април годинава со намера да се ожени, ја купил петнаесетгодишната жртва за сума од 1600 евра од нејзиниот малолетен роднина, иако знаел возраста на девојчето. Малолетникот ја подвел својата петнаесетгодишна роднина на претходно договорен присилен брак, со измама ја земал и ја однел на договореното место. Осомничениот ја исплатил побараната сума и употребувајќи физичка сила, психолошко насилство и обид за обљуба го повел со себе девојчето кое пружало отпор. Жртвата искористила прилика и во погоден момент избегала и се јавила на своите родители“, соопштија од обвинителството.

Покрај за мажот кој сакал да ја купи девојката, за малолетното момче до Советот за деца при Основниот кривичен суд Скопје е поднесен предлог за примена на санкција спрема деца во судир со законот над 16 години за истото кривично дело.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...