Момчето среде улица ја нападнал пијаната Парис Џексон: Жестока расправија и плачење ФОТО

Во еден момент, Парис заплакала и почнала да го крие лицето, бидејќи Глен ја кренал раката и ја стегнал тупаница и за малку ќе ја удрел.

399

Ќерката на починатиот поп-пејач Мајкл Џексон, Парис и нејзиното момче Габриел Глен се фатени во жестока и агресивна расправија во Њу Орлеанс. Парис Џексон (20) често е фотографирана со алкохол во рака, а сега и како се кара и турка со момчето.

Според британските медиуми, Парис била видно пијана, што подоцна таа демантирала.

Кавгата почнала во кафулето, за да продолжи на улица.
Во еден момент, Парис заплакала и почнала да го крие лицето, бидејќи Глен ја кренал раката и ја стегнал тупаница и за малку ќе ја удрел. За среќа, до физичка пресметка не дошло. Сепак, папараците го уловиле секој детаљ од жестоката расправија.

Откако се појавија фотографиите од кавгата, Парис на Твитер објасни дека само глумеле тажен филмски прекин на врската.

Сведоците на кавгата, пак, тврдат дека Парис во еден момент се расплакала и му викала на момчето да ја пушти и да не ја допира.

Парис избегала во Њу Орлеанс по прикажувањето на документарниот филм „Напуштајќи го Неверленд“ за педофилијата на нејзиниот татко, Мајкл Џексон.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...