Момчето со церебрална парализа го вози 6. ден од патот околу Македонија (ВИДЕО)

Дваесет и осумгодишниот ресенчанец Васил Јанкула ја привршува маратонската тура - патот околу Македонија за 7 дена со својот трицикл, во придружба на тренерот Тони Ангеловски и без оглед на лошите временски услови

388

Денеска 28.годишниот Васил Јанкула, момчето со церебрална парализа од Ресен за кое јавноста слушна поради неговите многубројни подвизи – учествата на маратони и спортски настани низ државата со својот трицикл го вози шестиот ден од својот личен маратон – обиколката на Македонија за само 7 дена. Неодамна учествуваше на Скопскиот маратон кадешто со својот трицикл извози 42 километри, а пред 6 дена од својот роден Ресен тргна на пат околу Македонија.

„Денеска тргнуваме од Маврово за Дебар, а утре од Дебар заОхрид“, вели Васил кој храбро ги извози предвидените километри и покрај временските услови.

Остатокот од текстот и видеото од маратонската тура на Васил побарајте ги на порталот „Мајка и дете“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...