Момчето сакало да го скрие убиството на братот, татко им бил професор, детали од злосторството во Србија

8650

Дваесетгодишно момче било уапсено поради сомнение дека го убило својот 24-годишен брат.

Убиството се случило во семејната куќа на угледен професор во Шабац, а откриено било утрово околу три часот. Во домот професорот живеел со тројцата синови.

– Полициската контрола утрово околу три часот забележала момче со рачна количка. Кога го запрела, го пронашла телото на убиениот – открил извор од истрагата за „Курир.рс“.

Изворот додал оти најверојатно убиството било планирано.

Наводно, осомниченото момче ископало дупка во близина каде што живеело. Откако го убило брата си, тргнало да го фрли лешот.

Тоа го удрило својот брат повеќе пати во главата, а несреќникот им подлегнал на повредите.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...