Момчето не успеа да ја фати, Британка загина паѓајќи од 100 метри височина

Таа и нејзиното момче, Адам Станвеј, зборувале за тоа колку се возбудени бидејќи ќе ја купат куќата во која ќе живеат заедно. Како што се подготвувале за да си одат од Киндер Доунфол во Дербишир, Хана се лизнала и паднала.

1176
ФОТО: Метро

Дваесет и деветгодишна планинарка се лизнала и паднала од 100 метри височина. Хана Лов загинала само неколку минути откако зборувала за иднината со своето момче, гледајќи во водопад, пренесува „Метро“.

Таа и нејзиното момче, Адам Станвеј, зборувале за тоа колку се возбудени бидејќи ќе ја купат куќата во која ќе живеат заедно. Како што се подготвувале за да си одат од Киндер Доунфол во Дербишир, Хана се лизнала и паднала.

Парот бил излезен заедно со мајката на Хана, како и нејзината сестра. По пикник, парот одлучил да се одвои и да помине малку време насамо.

– Хана се лизна на камењата. Се обидов да го дофатам нејзиниот ранец, но не успеав. Таа падна. Гледав, но не можев да ја видам, бидејќи видот не ми е најдобар. Ја повикав мајката на Хана и заедно се обидовме да ја најдеме – опишал Адам.

Половина час подоцна, таа е пронајдена мртва близу водопадот. Истрагата покажала дека нема сомнителни околности во врска со нејзиното паѓање.

– Тие седеле и зборувале за нивната иднина. Адам требало да наполни 30 години наредниот ден – се вели во извештај на наредникот Тревот Сид.

По трагедијата, Адам напишал на Инстаграм:

– Денес ја загубив мојата сродна душа, мојот партнер во злосторствата, мојата поддршка. Зборови не можат да ја опишат мојата болка и тоа колку сум среќен за времето поминато заедно. Ќе го поминам остатокот од мојот живот правејќи те горда и правејќи се себеси подобра личност. Ќе те сакам засекогаш, спиј цврсто душо, додека да те видам повторно.

ФОТО: Метро

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...