Момчето на Халси: Дојдов во Лондон да бидам слободен, да ги лакирам ноктите, да имам секс со машко

779
ФОТО: Е! News

Дваесет и двегодишниот пејач Јонгблад зборувал за запознавањето себеси во новиот број на „Attitude“, пренесува „E! News“.

Пејачот, кој е во врска со неговата колешка, популарната Халси, кажал за магазинот дека „тој е повеќе стрејт“. Но, ако „поминел на улица“ и видел „момче или транс лице, никогаш не се знае, се додека има конекција“.

– Ние растеме со такви правила: жените да носат фустани, мажите ги гледаат облините на жените, може да направат дете. Еден ден се будам и сакам да изгледам женствено, а нареден ден ќе облечам блуза Фред Пери и ќе изгледам како да ќе те претепам. Ќе бидам Анита од „West Side Story“, а потоа ќе се трансформирам во Лијам Галагер – кажал тој.

Сепак, како што вели, да се пронајде себеси не било лесно.

– Дојдов во Лондон за да бидам слободен, да можам да ги лакирам ноктите, да пробам секс со машко, да пробам се, да си ги исполнам фантазиите и да се пронајдам себеси. Имав долг пат пред да се чувствувам удобно во своја кожа. Во тоа патување, станував уште позбунет. Ќе експлодирав, па ќе седнев во мојата соба и ќе плачев се додека не ми пресушат солзите – појаснил тој.

Тој додал оти секогаш има мрачно место во мозокот на луѓето.

– Мораш да си повторуваш себеси дека ќе биде во ред, диши, оди на прошетка, води љубов со девојката или со момчето, се само за да се чувствуваш подобро – завршил тој.

ФОТО: Е! News

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...