Момчето на Скарлет Ли ја запроси на гробишта (ВИДЕО)

246
ФОТО: Инстаграм / Принтскрин

Момчето на учесничката на британскиот „Х Фактор“, Скарлет Ли, ја запроси на гробишта.

Ли, која има 21 година, на Инстаграм појасни дека необичната локација била избрана со цел запросувањето да го видат нејзините баба и дедо.

– Не постои друго место на кое би сакала да се случеше, баба ми и дедо ми се целиот мој свет – напиша Ли.

Таа потоа сподели со фановите фотографии и видеа од нејзиниот прстен, коментирајќи дека тој бил се што таа посакувала.

Ли и нејзиното момче Натан биле во врска четири години.

 ФОТО: Инстаграм / Принтскрин

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...