Момчето на Бритни Спирс: Која е Кристина Агилера? (ФОТО)

557
ФОТО: Инстаграм

Момчето на Бритни Спирс, Сем Ашгари, одговараше прашања од фанови на Инстаграм, а одговорот на едно од прашањата отвори рани од минатото, пренесува „E! News“.

– Која Кристина? – одговори Ашгари на прашање „Бритни или Кристина?“.

Ѕвездите беа споредувани на почетокот од нивните кариери, а нивни фанови водеа и војни за тоа која од нив е подобра и поуспешна.

– Јас бев повредена од рекламите на Ем-Ти-Ви, каде Бритни Спирс беше прикажана како добрата девојка, а јас како лошата. Во ред е ако изгледаш невино и кревко. Но, ако се обидуваш да бидеш таква каква што си, тогаш си проблематична – изјавила Агилера за „Космополитан“ пред неколку месеци.

Агилера додала дека би сакала да испие кафе со Спирс бидејќи „тоа би било многу забавно, после сите овие години“.

ФОТО: Инстаграм

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...