Момчето на Алесандра Амбросио се помоча во гаќи среде концерт ФОТО

На панталоните на Николо се наоѓала голема влажна дамка во подрачјето на препоните, а тој очигледно не бил свесен за тоа.

979

Бурните фестивалски денови за славната двојка завршиле на најсрамниот можен начин. Имено, во тек е најголемиот музички фестивал Коачела во Калифорнија, каде главно се собираат многу познати личности во желба за добра забава. Сепак, ги има и оние кои многу претеруваат во тоа.

Меѓу нив е и Николо Оди, момчето на убавата Александра Амбросио (38) кој се помочал пред сите, а неговите мокри панталони ги виделе буквално сите.

Николо е основач на луксузниот бренд „Алануи“, а двојката често може да се види на разни настани.

Додека заминувале од забавата во доцните часови, посетителите се вртеле по нив. На панталоните на Николо се наоѓала голема влажна дамка во подрачјето на препоните, а тој очигледно не бил свесен за тоа.

Американските медиуми пишуваат дека не станува збор за истурен пијалак, туку дека дизајнерот Николо се помочал во гаќи. Кога налетале фоторепортери, на Алесандра и било непријатно па го покривала лицето.

 

ФОТО: Профимедиа/Рас Србија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...