Момчето кое го фати крстот во Кавадарци и навивачката група собраа 81.000 денари за операција на девојка

2007

Момчето кое вчера го фати светиот  крст и навивачката група Лозари Исток на која и припаѓа, во денешната хумана акција собраа повеќе од 81 илјада денари за лекување на Драгана Малкиќ.

„Спојувајќи ги религијата и хуманоста, тие денеска инспирираа голем број на кавадарчани да се вклучат во хуманитарната акција за помош на Малкиќ, на која и е потребна итна операција во Германија. На штандот на кој кавадарчани имаа можност да го целиваат светиот крст кој вчера беше потопен во водите на реката Луда Мара, беа собрани парите кои веќе се предадени на семејството Малкиќ“, информираа од навивачката група.

И покрај задоволството од огромниот одѕив, од навивачката група Лозари соопштија  дека и во наредниот период ќе продолжат со хуманитарната акција, се со цел што побрзо да се соберат уште 5000 евра,  кои се потребни за операцијата на Малкиќ.

Дополнително, Лозари потсетуваат дека сите хумани луѓе можат да донираат на жиро сметката 280109104095596.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...