МОК со 50 илјади долари поддршка за ракометот во Македонија

48

Македонскиот олимписки комитет (МОК) за понатамошно унапредување на македонскиот ракомет обезбеди финансиски износ од 50.000 американски долари.

Како што објавија од МОК, 40.000 американски долари се веќе префрлени на сметката на Ракометната федерација на Македонија, а се наменети за најдобрите македонски ракометари кои ќе учествуваат на Светското првенство во Германија и Данска односно за нивните подготовки.

МОК обезбеди и дополнителни 10.000 американски долари за обука на тренери на Универзитетот за физичко образование и спорт во Будимпешта, Унгарија каде што еден македонски тренер ќе престојува на три месечна обука на овој престижен спортски универзитет.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...