Мозочниот удар не избира по возраст, внимавајте на себе!

Најмладиот пациент што е примен кај нас има само 24 години. Најважна е примарната превенција. Ако знаете дека имате аритмија - примајте ја редовно терапијата, ако знаете дека имате зголемен крвен притисок - нека вашата антихипертензивна терапија биде вашиот животен пријател, како и за сите останати состојби од кои знаете дека боледувате. Секако, времето поминато на чист воздух, прошетки во природа, прилагодени спрема физичката подготовка, здравата храна и балансирање на стресот се клуч во превенцијата на мозочниот удар.

1590

Денеска е Светски ден за борба против мозочниот удар. Мотото годинава е „Мозочниот удар се обиде да нѐ собори, но ние пак сме горе“. За повеќето од лицата кои имале мозочен удар, животот потоа нема да биде ист, но со вистинска поддршка, третман со лекови, рехабилитација и грижа, истиот ќе биде можен, вели за Плусинфо м-р Ана Донева, невролог во Градската Општа Болница 8. Септември“ во Скопје.


М-р Ана Донева, невролог

– Мозочниот удар е водечка причина за смрт во целиот свет, но тоа е само дел од приказната. Во светот околу 80 милиони луѓе кои живеат денеска доживеале мозочен удар. Како резултат на тоа, повеќе од 50 милиони живеат со некаква форма на попреченост. Денешниот Светски ден за борба против мозочниот удар, 29. Октомври, е посветен на превенција, подигнување на јавната свест за истиот, грижа за лицата кои живеат со некаков дефицит и за семејствата кои за нив се грижат – вели Донева.

Сѐ повеќе и сѐ помлади луѓе добиваат мозочен удар. Зошто се зголемува бројот на овие пациенти и каква е состојбата на одделот за Неврологија во вашата болница, каде од поодамна се бара кревет повеќе?

Факт е дека на одделите се бара место повеќе. Загрижувачки е фактот дека старосната граница се поместува и имаме сѐ повеќе млади луѓе со симптоми на мозочен удар. Најмладиот пациент што е примен кај нас има само 24 години.  Генетскиот фактор е значаен и спаѓа во категоријата на оние фактори кои не можеме да ги смениме, но истиот најчесто е поттикнат од некој фактор од средината.

Во Македонија од циркулаторни заболувања умираат околу 11.000 лица годишно. Колку современиот начин на живеење придонесува да се зголемува бројот на заболените  сѐ почесто сме пред компјутер и со мобилен во рака, наместо да пешачиме? Што се случува во организмот кога не се движиме доволно што е со крвните садови, притисокот, срцето, крвните садови во мозокот?

– Брзото темпо на живеење, стресот како водечки фактор, брзата и нездрава исхрана, слабата физичка активност, пушењето, спаѓаат во групата на модифицирачки фактори. Модерниот човек сѐ помалку се движи, користи разни превозни средства, времето го поминува покрај компјутер, со телефон и таблет во рака. Времето за спорт и рекреација кај повеќето е сведено на минимум или воопшто го нема, а ваквиот начин на живот ги намалува активностите и во секојдневното живеење. Сето тоа има негативен ефект врз кардиоваскуларниот систем, покренувајќи низа метаболни процеси кои водат до различен тип пореметувања, од кои, за жал, не се поштедени ниту помладите.

Како да му доскокнеме на мозочниот удар? Кога некој ќе го добие, тогаш веќе е предоцна, станува Ваш пациент или на колегите а последиците по здравјето се многу опасниодземеност на движење, говор и друго.

– Секаде во светот се води силна кампања за рано препознавање на мозочниот удар со цел да биде дадена терапија во тесен временски „прозорец“ од неколку часа. Ако е правилно аплицирана, кај голем дел од пациентите терапијата предизвикува повлекување на симптомите.

Добиваат ли пациентите наравоучение откако ќе ги погоди мозочен удар и какви се нивните коментари?

– Најчесто да, но не би сакала да навлегуваме во лични приказни. Да потсетам, најважна е примарната превенција, особено во услови на познат ризик фактор. Ако знаете дека имате аритмија – примајте ја редовно терапијата, ако знаете дека имате зголемен крвен притисок – нека вашата антихипертензивна терапија биде вашиот животен пријател, како и за сите останати состојби од кои знаеме дека боледуваме. Секако, времето поминато на чист воздух, прошетки во природа, прилагодени спрема физичката подготовка, здравата храна и балансирање на стресот се клуч во превенцијата на мозочниот удар.

Кога да се посомневаме дека некој во наша близина можеби добива мозочен удар и што тогаш да правиме?

– Сетете се на препораката БРЗО, обидете се да стигнете до најблиската установа, а ние сме тука доколу пациентот нема контраиндикација да аплицираме тромболитична терапија.

Како Македонија го дочекува Светскиот ден за борба против мозочниот удар во однос на терапијата?

– Се надевам дека Македонија брзо ќе се најде во земјите кои ќе имаат можност за уште подобар треман – третман за механичка тромбектомија, односно ендоваскуларен начин за решавање на мозочниот удар.

Како да му доскокнеме на мозочниот удар? Кога некој ќе го добие, тогаш веќе е предоцна, станува Ваш пациент или на колегите а последиците по здравјето се многу опасниодземеност на движење и говор и друго.

– Секаде во светот се води силна кампања за рано препознавање на мозочниот удар со цел да биде дадена терапија во тесен временски „прозорец“ од неколку часа. Ако е правилно аплицирана, кај голем дел од пациентите терапијата предизвикува повлекување на симптомите.

Да обрнеме внимание кон раните знаци за мозочен удар – таквите пациенти треба ВЕДНАШ да бидат донесени во невролошките единици каде терапијата би била аплицирана.

Симптоми на мозочен удар

Најчести симптоми на мозочниот удар се:
мускулна слабост или одземеност (парализа) –
губиток на сензибилитетот
потешкотии со говорот –
визуелни симптоми – мозочниот удар и ТИА (транзиторна исхемична атака)
предизвикуваат губиток на видот кој го зафаќа целото видно поле (монокуларно
слепило) или половина од видното поле (хемианопсија). Или може да предизвикува двојно гледање (диплопија).

Губитокот на видот на едно око кој настанува наеднаш и се подобрува во
тек на 24 часа (најчесто по 5-10 мин) најчесто претставува краткотраен недостиг на
крвното снабдување на едното око и се нарекува amarosis fugax.

Хомонимната хемианопсија е губиток на видот на едната страна, така што пациентот не може да гледа половина од видното поле (десно или лево во зависност од страната на мозочниот удар).

Двојното гледање се јавува кога видната оска на двете очи е различна, што
настанува како резултат на оштетување на нервите кои ги контролираат движењата на
очните јаболка.

Други симптоми се:
вртоглавица
главоболка
повраќање
нарушување на свеста

 

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...