Можно е да изгореле документи за екстрадицијата на Грујевски и Бошкоски, ама ги има и во компјутер

524

Во вчерашниот пожар во Министерството за правда е направена материјална штета и изгорени се документи од Секторот за меѓународна правна помош.

Во таа архива се чувала и целосната документација во случајот со бегалците Горан Грујевски и Никола Бошковски, кои се наоѓаат во притвор во Грција и се чека на одлука за екстрадиција.

„Една од зафатените канцаларии е Секторот за меѓународна правна помош, заедно со дел од архивата. Не знаеме колку материјали се уништени, ниту кои документи. Во овие простори се работат и се чуваат и екстрадиционите предмети. За среќа и да се уништени пишаните документи, тие дополнително се чуваат во електронска форма во компјутерскиот систем на министерството“, изјавиле од министерството за телевизијата Телма.

Во овој сектор се воделе и сите постапки поврзани со Интерпол. Од МВР истражуваат кои се причините за настанување на пожарот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...