Легендата на Барселона, Андрес Иниеста призна дека веројатноста некогаш да го видиме Жозе Мурињо на чело на Барселона се граничи на нула.
Како што е познато, поранешниот тренер на Реал Мадрид беше помошник тренер на стадионот „Ноу Камп“ во 90-тите години, помагајќи им на покојните Сер Боби Робсон и Луис ван Гал.
– Јас не сум таа личност што можам да кажам дали Мурињо ќе замине во Реал Мадрид или не. Во Барселона, мислам дека би било многу, многу комплицирано – прокоментира Иниеста.
Играчот од средниот ред ја „начна“ и сагата за Нејмар.
– Немам претстава како минаа разговорите во текот на летото и дали тој ќе се врати во Барса во иднина. Тој би бил важен играч, но не знам дали ќе се вклопат толку многу класа напаѓачи – додаде Шпанецот.