Можна доживотна казна затвор за доктори кои ќе извршат абортус во Алабама

281

На бирото на гувернерката на Алабама се наоѓа најстрогиот документ за абортус, со кој може да се казнат докторите кои ќе извршат абортус со доживотна казна затвор, пренесува „Си-Ен-Ен“.

По повеќе од четири часа дебата, Сенатот предводен од републиканците гласаше со 25-6 за да помине овој закон, со што докторите може да добијат 99 години затвор.

Законот дозволува исклучоци доколку „може да доведе до сериозни здравствени последици за мајката“, ектопична бременост или доколку „нероденото дете има смртоносна аномалија“.

Демократите повторно воведоа амандман за ослободување на жртвите на силување и инцест, но предлогот не успеа со 11-21.

Гувернерката има рок од шест дена за да го потпише, а ако тоа се случи, ќе бидат потребни шест месеци за законот да стапи во сила. Иако гувернерката се нема изјаснето јавно за тоа што ќе биде нејзината одлука, претходно била против абортусот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...