Може ли човек да пишува и точно и убаво?

Ете така, драги мои! Кој пиел ќе пие, кој пишувал ќе пишува!

404

Еден од најдобрите српски и југословенски новинари, Александар Тијаниќ, објаснувајќи ја суштината на пишувањето, во едно интервју кон средината на 90-тите години од минатиот век, ќе изјави:

„Понекогаш мислам дека мојата кариера и не е моја. Со недоверба ги читам своите стари текстови и се чудам колку се тие убаво напишани. Тоа не личи на мене. Списокот, пак, на моите непријатели е прилично долг – најмоќните луѓе во Србија, луѓе со многу пари и нечиста совест. За да ги надживеам тие непријатели, морав да бидам ѕвонар на Богородичната црква: грд, грбав, никаков. Но, требаше да ѕвонам далеку и силно. И во тоа е мојата моќ. Луѓето кои не ме сакаат да мораат да ме читаат и да речат – овој можеби е свиња, но за многу работи е во право“.

Кога во еден разговор Тијаниќ,му се пожалил на Брана Црнчевиќ дека со пишувањето стекнал многу непријатели, Брана го посоветувал со зборовите:„Ти велиш, сакаш да пишуваш и убаво и точно, а тоа е речиси невозможно. Избери нешто од тие две работи и продолжи да пишуваш“.

Ете така, драги мои! Кој пиел ќе пие, кој пишувал ќе пишува!

Кога го запрашале Момо Капор што најмногу сака да напише, тој одговорил:„Еден чек од милион долари“. Следното прашање на новинарката упатено до Момо било:„А дали и тогаш ќе продолжите да пишувате“? „Море нема ни да читам“,рекол Момо и заминал во легендите.

Тие, пак, пустите отсекогаш биле „чад на историјата“.

(ФБ статус на авторот)

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...