Модриќ ја отфрли првата понуда на Реал, сака повеќе пари

198

Играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Лука Модриќ ја отфрли првата понуда на актуелниот европски и светски шампион за продолжување на договорот.

Според „Телемадрид“ Хрватот чекаат поатрактивни услови, бидејќи Интер е подготвен да му понуди двојно подобар договор со плата од 10 милиони евра по сезона.

Актуелниот договор на Модриќ со Реал истекува во 2020 година, а мадридскиот клуб сега сака да се заштити од заминувањето на најдобриот фудбалер на светото за 2018 година.

Ако не успеат да се согласат за нов договор, Реал Мадрид може да го продаде Модриќ летото 2019, бидејќи една сезона потоа Модриќ ќе може да си замине како слободен играч.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...