Модриќ истрча со „Златната топка“ на „Сантијаго Бернабеу”

244

Фудбалерот од средниот ред на Реал Мадрид, Лука Модриќ, пред натпреварот од 16. круг од шампионатот на Шпанија против Рајо Валекано ја изнесе Златната топка на теренот на „Сантијаго Бернабеу“. Тој од домашните навивачи беше поздравен со бурен аплауз.

Триесет и три годишниот Хрват ја доби оваа награда на 3 декември од страна на „Франс Фудбал“.

Победата на Модриќ во анкетата на францускиот весник стави крај на 10-годишната доминација на Кристијано Роналдо (Манчестер Јунајтед / Реал / Јувентус) и Лионел Меси (Барселона) кои беа прогласувани за најдобри фудбалери од 2008 наваму.

Реал го зазема четвртото место во шампионатот на Шпанија со 26 бода од 15 натпревари.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...